„Вози одморен“ – сообраќајно воспитна активност на СВР Велес

Објавено на 10 јули, 2023 во 09:50

На автопатот „Пријателство“ поточно на наплатните рампи „Демир Капија“ и „Виничани“, полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, спроведоа пет часовна сообраќајно воспитна активност во рамки на „Безбедно лето 2023“, под мотото „Вози одморен“.

-Во рамки на активноста на возачите им се делени летоци со едукативна содржина и вода за освежување. Им беше потенцирано дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во овој период, па не случајно спроведувањето на овие превентивни активности беше лоцирано на делницата од Граничниот премин „Табановце“ до Гевгелија, каде во овој период особено е зголемен бројот на возила, особено на странски туристи што транзитираат низ државата токму преку овој коридор, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Исто така, додаваат дека целта на превентивна активност е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, преку едукација и подигање на свесноста кај возачите, со цел намалување на незгодите кои се последица на заморот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.