Второ авионско третирање против комарци во Велес
Утре, сабота, 15 јули, во временски период помеѓу 05:00 и 08:00 часот, Општина Велес ќе го спроведе второто авионско третирање против комарци на територијата на градот и приградските населени места.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. Исто така ќе се третира рекреативниот центар „Езеро Младост“ со непосредната околина.
„При авионското третирање ќе се употребува средство KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител KULSAN ILАС, од Турција, одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, со број на Решение 19-359/2 од 30.04.2018 година,“ соопштија од Општина Велес.
Исто така, општината ги известува пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволуваат авионско третирање ќе се реализира наредниот ден, недела, 16 јули, 2023 година.
Третирањето против комарци се реализира согласно законската обврска за заштита на населението од заразни болести и за дезинсекција.
Убавка Јаневска