Започна пријавувањето за вакцини против сезонски грип, вакцинирањето во Центар за јавно здравје Велес

Пријавувањето на заинтересираните граѓани за добивање на бесплатна вакцина се врши со аплицирање директно на страницата vakcinacija.mk.
Секој заинтересиранграѓанин пополнува формулар во системот Мој Термин или во негово име тоа го прави матичен лекар. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, пријавените ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат преку смс порака.
„Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција од вирусот , која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи,“ велат епидемиолозите од Центар за јавно здравје Велес. Тие веќе ги добиле првичните информации од Институт за јавно здравје. Вакцинацијата ќе се реализира во велешкиот Центар за граѓани од Велес и околните општини како и во градовите низ Македонија со закажан термин.
Предност за добивање на термин за бесплатна вакцина имаат граѓаните кои припаѓаат на ризичните групи какошто се стари лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Останатите граѓани ќе можат да добијат вакцина против сезонски грип којашто најверојатно ќе чини 700 денари.
Епидемиолозите во Центар за јавно здравје Велес подетални информации за количината на бесплатни вакцини против сезонски грип и првиот распоред за бесплатни термини за вакцинирање ги очекуваат на крајот од работниот дел на неделата.
Убавка Јаневска
