Завршени обуките од програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ за 2022 година

Објавено на 1 април, 2022 во 11:21

Учесниците во програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ , успешно ги завршиле трите подготвителни обуки на коишто научиле методи и техники за избор на целна група, активности, подготовка и пушување на проект со којшто ќе извршат некое добро дело во заедницата.

-Ова година во ПХВ Програмата вклучени се 20 нови волонтери. Тие се поделени во четири групи и секоја од групите во наредните два месеци ќе изработи по еден мал проект со кој ќе помогнат во заедницата. На овој начин младите до сега смениле многу животи и помогнале на многу наши сограѓани, пишува во соопштението на Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Велес.

Како дополнителна придобивка за учесниците од оваа програма е што тие се запознаваат и со организацијата на Црвен Крст во којашто остануваат да членуваат и во наредните години.

Обуките биле извршени во просториите на велешки Црвен Крст од страна на локалниот дисеминатор Ружица Костовска.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.