ЗГ „Еко-Живот“ еден од седумте партнерите на меѓународниот проект „Академија за младински политики – Вклучи се, поврзи се, поттикни“

Објавено на 16 мај, 2025 во 10:34

Кавадаречката граѓанска организација, препознатлива по придонесот за јакнење на граѓански капацитети и јавно мислење за заштита на животна средина, е дел од Еразмус + КА 3 проектот “Youth Policy Academy – Engage, Connect, Empower” – „Академија за младински политики – Вклучи се, поврзи се, поттикни“.

Проектот којшто е во времетраење од 24 месеци, ЗГ „Еко – живот“ го започна минатата година, во ноември и има за цел да ја зајакне вклученоста на младите во демократскиот живот и нивниот ангажман со носителите на одлуки, истовремено подобрувајќи ги капацитетите на младинскиот сектор активен на грасрут ниво да работи транснационално, промовирајќи транснационално учење и соработка помеѓу младите луѓе и носителите на одлуки.

Вчера, во Кавадарци, група од млади спроведе една од проектните активности на која се градат капацитети за вклучување во демократскиот живот во локалната заедница.

Проектот се спроведува од конзорциум на седум организации, чии координатор е „Friends of the Earth Europe“ од  Белгија и „Еко-Живот“ од Кавадарци е еден од нив.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.