Зоран Јаневски е нов в.д директор на Центар за развој на Вардарски плански регион

Објавено: 2 јануари, 2026, во 15:44 часот

Со одлука на Совет на градоначалници на Вардарскиот плански регион, на одржаната втора седница, на 24 декември 2025 година, Зоран Јаневски е избран за в.д директор на Центар за развој на Вардарски плански регион со седиште во Велес.

Педесет и четири годишниот Јаневски е дипломиран инжинер по Безбедност и здравје при работа на Машинскиот факултет при УКИМ. Својата професионална реализација  ја започнал во приватниот сектор, каде останал долги години, се до вработувањето во Врховен Суд, во периодот 2010 – 2014 година, како стручен соработник за безбедност и здравје при работа.

Јаневски во периодот од 2015 – 2022 година е вработен во Општина Велес, во Одделение за Локален Економски Развој со звање соработник за угостителство, занаетчиство и туризам за потоа, од октомври 2022 до април 2024 година да биде именуван за в.д  директор во ЈП „Парк Спорт и Паркинзи“ додека во изминатите осум месеци ја извршуваше функцијата директор на ЈП „Парк Спорт и Паркинзи“.

Исто така, Зоран Јаневски на јавноста и е познат како претседател на велосипедското здружение на граѓани „Велес Бајкинг“ и на Македонска Аматерска Велосипедска Асоцијација.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.