Судот во Сараево бара од медиумите видео материјали од протестите

Објавено: 12 февруари, 2014, во 14:48 часот

Општински суд во Сараево издаде наредба за времено преземање на материјали од медиуми во кои се обработени демонстрациите од 7 до 11 февруари, со цел да бидат преземени казнени процедури, објави Дневни аваз.

Судот издал наредба по барање на кантоналното обвинителство.

Материјали од демонстрациите се побарани од телевизиите и весниците.

Записите ќе бидат задржани 15 дена.

Во Сараево и други градови во БиХ денеска одново ќе се одржат протести.

Во Сараево денеска е свикан т.н. граѓански пленум на кој се поканети сите граѓани кои не членуваат во политички партии.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.