Минчо Јорданов и Трифун Костовски сведоци на судењето за „Шпион“

Објавено: 14 март, 2014, во 16:30 часот

Бизнисмените Минчо Јорданов и Трифун Костовски се појавија како сведоци на обвинителството во судскиот процес „Шпион“, бидејќи според обвинението дел од обвинетите преку уцени се обидувале да изнудат пари од нив, јави 24 Вести.

Минчо Јорданов пред судот тврдеше дека обвинетиот Мичо Насковски, некогаш на висока финкција во фирмата Бетон, во неколку наврати се обидел да извлече пари од него. Му праќал пораки со заканувачка содржина, објаснуваше Јорданов. 

И новинарот Зоран Божиновски неколкупати се обидел да извлече пари од бизнисменот заканувајќи му се дека ќе објави валкани информации за него.

Со слично сведочење и Трифун Костовски. Изјави дека во времето кога бил сопственик на ракометниот клуб „Кометал“, Божиновски му се заканувал дека ќе објави информации за скандали во клубот.

Сепак обвинетите не успеале да изнудат пари од двајцата бизнисмени. Во улога на сведок на денешното рочиште се појави и синот на Трифун Костовски, Коста Костовски, кој добивал закани од новинарот Божиновски дека ќе објави документи кои ќе докажеле дека местел фудбалски натпревари.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.