Обилни снежни врнежи повторно го погодија источниот дел на САД
Објавено: 4 февруари, 2014, во 09:08 часот
Нови обилни снежни врнежни го погодија источниот дел на САД, при што животот го загубија две лица, а затворени се голем број училишта, додека воздушниот и копнениот сообраќај се одвиваат во отежнати услови.
Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека снежната покривка достигнала 20 сантиметри во Филаделфија и Њујорк. Околу 4.300 летови доцнеа, а 1.900 беа одложени, меѓу кои и во Филаделфија, Њуарк, Њу Џерси и Њујорк.
Најмалку две лица загинаа, а едно е тешко ранети во снежната бура.
Административните згради, судовите и училиштата беа затворени во области на сојузните држави Конектикат, Делавер, Мериленд, Њу Џерси, Охајо, Пенсилванија и Западна Вирџинија.
На некои местата бурата предизика прекин на дотокот на електрична енергија.
Метеоролозите предвидуваат до вечер источниот дел на САД да биде погоден од нова бура, проследена со дожд, снег и лапавица.
