Со ласер сакал да заслепи пилот на авион кој слетувал на скопскиот аеродром

Објавено: 18 јануари, 2014, во 08:50 часот

Неодговорен скопјанец за малку ќе предизвикал трагедија на аеродромот „Александар Велики“, кога вчера со ласер го заслепил пилотот на авионот кој слетувал на пистата.

Како што објави Пресс24, попладнето околу 17 часот, кога пилотот на авиокомпанијата Визер се обидувал да го спушти авионот на пистата во Скопје, непознато лице од правец на Петровец почнало да му свети со ласер во очите.

Пилотот успеал да остане присебен и да го спушти авионот без поголеми проблеми, но веднаш по слетувањето случајот го пријавил во котролата за летање. Известена била и полицијата, а МВР веќе презема мерки за да го открие сторителот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.