Атетичарот Роберто Димитриевски претстојниот викенд ќе трча на две трко во Скопје откако на Шри Чинмој маратонот освои второ место

Објавено: 17 март, 2026, во 10:30 часот

Роберто Димитриевски од Атлетскиот клуб „ВЕЛЕС“ неделава напорно се спрема на патеката во Градскиот парк  затоа што викендов ќе учествува на две атлетски трки  во Скопје.

Димитриевски се подготвува за учество на 23 Меморијален крос „Методи Веновски-Мето“  поточно меморијална трка посветена на истоимениот македонски атлетичар која во организација на АК „Работнички“ од Скопје традиционално се одржува во шума на општина „Гази Баба“ во Скопје.

Во недела Димитриевски ќе учествува и на традиционалната атлетска трка „Зегин Спектратон“ што се одржува во населбата „Аеродром“ во Скопје, како еден од традиционалните учесници кој секогаш е меѓу најдобрите атлетичари .

Инаку, Роберто  Димитриевски во неделата, на 15 март, учествуваше на полумаратонот на 21 километар на 27 Шри Чинмој маратон што се одржа во Градскиот парк во Скопје. Таму во силна конкуренција на атлетичари од земјава и од повеќе држави како Германија, Австрија, Велика Британија, Италија, САД, Хрватска, Полска, Бугарија и други земји повторно се искачи на победничкиот пиедестал освојувајќи го второто место и пехарот со одлично постигнато време од 1 час 14 минути и 27 секунди.

Во трката, на 10 километри, на истиот маратон во Скопје, првото место го освои велешкиот атлетичар Трајче Илијевски од АК „Борец“ .

Убавка Јаневска

Фото АК „Шри Чинмој маратон“ 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.