Четврто гостување и победа на фудбалерките на велешки „Борец“, Нацев не е веќе тренер

Објавено на 14 ноември, 2021 во 15:48

Фото – архива на ЖФК„Борец“ – автор Радица Дукова

Совладана е и екипата на „Атлетико“ во Битола со 4:0 од страна на ЖФК„Борец“. По првите 45 минути, во натпревар од Првата Женска Фудбалска лига, вчера, велешанки водеа со 2:0, резултат постигнат со головите на Досуму Адебиси  и Жељана Максимовик.

Исто толку голови постигнаа и фудбалерките Сања Перчинковска и Миа Велинова во второто полувреме за да се потврди победата со краен резултат од 4:0.

 Ова беше четврто гостување и четврта победа на „Борец“, додека велешанки се мачат на домашен терен каде имаат еден пораз и две нерешени средби.

Фото – архива на ЖФК „Борец“

И најновата информација која доага од ЖФК „Борец“ е дека Тоше Нацев не е повеќе тренер на клубот. Управата најави дека за два дена ќе ги соопшти причините за тренерската смена и за тоа кој доаѓа на местото на Нацев. Неофицијално дознаваме дека се ангажирани и две нови засилувања во тимот, за чии имиња дополнително ќе информираме.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.