Добар настап на борачите на БК „Борец“ во Радовиш

Радовиш беше домаќин на државното кадетско првенство во борење слободен стил, кое се одржува турнирски, а ќе ги има неколку во текот на сезоната. Борачите на Боречки клуб „Борец“ имаа солиден настап. Од 14 екипи го освоија шестото место додека во поединечна конкуренција освоени се три бронзени медали.
Ангел Мицев, легендата на велешкото боерење, беше во Радовиш и за Дума. мк изјави дека успехот е добар, се работи вредно и резултатите пристигнуваат.

-Ме радува што имаше многу борачи. Го враќаме боречкиот спорт на вистинските патеки. Турнирот беше искористен и да се доделат спортските ваучери на екипите. Исто така, беше промовирана и книгата „Ние сме светски шампиони“ од проф. др. Ванчо Чифлиганец, посветена на големиот успех на боречкиот клуб „Бучим“ од Радовиш кој во 1995 година стана европски и светски шампион во борење Слободен стил, додаде Мицев.

За десетина дена продолжува турнирското првенство во борење слободен стил за кадети а љубителите на борењето во Велес очекуваат нови успеси на БК „Борец“.
Лазар Лазаровски
