Елиминација на ФК „Борец“ во куп натпреварот
Фудбалерите на ФК „ Борец“ загубија во Струга од домашната екипа на Струга „Трим лум“ по изведување на пенали.
Во регуларниот дел на натпреварот по 90 минути резултатот беше нерешен 1:1. Велешани водството го постигнаа преку фудбалерот Ѓоргиев кој го постигна првиот гол за резултати 1:0, но домашните израмнија па така пеналите беа пресудни и го решија победникот.
По петте удари од белата точка резултатот изнесуваше 4:4. Во шестата серија велешани промашија да дадат гол и се збогуваа од понатамошните натпреварувања.
Што се однесува до комплетниот впечаток, радува што ФК „Борец“ добро играше и остави впечаток дека се подобрува формата на играчите.
Инаку ова беше реприза по минатонеделното гостување на ФК „Борец“ во Струга, но тогаш натпреварот се играше во редовно коло од првенството на Македонија. И тогаш резултатот беше 1:1.
Во недела на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес на „Борец“ му гостува екипата екипата на Академија Пандев од Струмица во првенствениот дел на натпреварувањата.
Лазар Лазаровски