ФК „Борец“ – ФК „Академија Пандев“ 1:1
Во натпревар од 26 тото коло на првата фудбалска лига екипите на „Борец“ и „Академија Пандев“ од Струмица ги поделија бодовите играјки 1:1.Гостите поведоа во 11 минута по едно невнимание на домашната одбрана која го остави Велиновски осамен на втората статива.Тој беше убаво проигран и немаше проблем да реализира. Играчите на „Борец“ потоа ја превзедоа иницијативата но гол немаше.
Во вториот дел домашните нападнаа и во 60 тата минута израмнија преку Ѓоргевик. На голот му предходеше убава акција а на осмениот домашен центарфор не му беше тешко да ја смести топката зад грбот на голманот Јовановски. По израмнувањето видовме отворена игра со напади кон двата гола но резултатот остана непроменет. Поделбата на бодовите не им одговараше на двете екипи. Струмичани имаа потреба од трите бода за да го задржат второто место, а на велешани за да имаат какви такви шанси за опстанок.
Лазар Лазаровски