ФК „Борец“ официјално второлигаш
Екипата на „Борец“ по поразот во Скопје од екипата на „Работнички“ на две кола до крајот на првенството и теоретски стана второлигаш. Заедно со битолски „Пелистер“ го напуштаат прволигашкото друштво бидејќи во текот на првенството освоија најмалку бодови.
Испаѓањето на „Борец“ за познавачите на фудбалот беше очекувано. Од екипа која избори прволигашки статус и во првата сезона направи одлично бодовно салдо се најде во ситуација во полусезоната да заминат поголемиот број на играчи. Промена на сопстевникот на клубот, на тренерите, носењето млади талентирани играчи кои го немаа потребното искуство го направи своето. Играчите на „Борец“ да бидеме на чисто не играа лошо . Ги губеа натпреварите на не искуство, стрелците промашуваа а се примаа голови по грешки. Грешки се правеа и со играчи од страна со скромно фудбалско знаење.
Околу финансиската состојба се добиваа различни информации. Беа организирани подготвки во Србија и Турција . Составот ветуваше но секогаш имаше едно ,,но”.
Дали „Борец“ има финансии да се подготвува за следната нетпреварувачка сезона? Кој останува во клубот, какви ќе бидат амбициите во втората лига која се реорганизира и е многу силна останува да се доиграат последните две кола а потоа да се види со што се располага. Спонзор, кој ќе го води клубот понатаму,и грачки состав, амбиции….По две години прволигашки живот голема придобивка за „Борец“ е тренерот Левков. За оние кои ги следат состојбите евидентно е дека ја знае работата но ќе треба поддршка , нормално ако остане во клубот.
Втората лига е шанса во велешкиот состав да видиме некое име од младинската школа на клубот.
Лазар Лазаровски