ФК „Борец“ поразен на гостувањето во Кавадарци од ГФК „Тиквеш“ со 2:1

Објавено на 6 ноември, 2021 во 15:45

Нов пораз на фудбалерите на „Борец“ кои не можат да ја прекинат серијата на лоши резултати. Овој пат загубија од екипата на „Тиквеш“ иако први поведоа со голот на Љума.

Домакинот израмни од сомнително досуден  пенал за кој можеме да споменеме дека беше  престрого досуден. На почетокот на второто полувреме домашните постгнаа гол кој се покажа како  решавачки за конечниот исход.

Во  судиското продолжение, поточно  во 92 та минута, иако се повтори ситуацијата како и при претходно досудениот пенал за „Тиквеш“ но овој пат судиската свирка остана „нема“ за „Борец“.

Иако протестите на играчите и на стручниот штаб беа гласни тие не вродија плод. Со овој пораз „Борец“ се најде на предпоследното место на табелата кое не обезбедува опстанок во првата фудбалска  лига.

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.