ФК „Борец“ поразен во гости од штипска „Брегалница“

Објавено на 28 ноември, 2021 во 16:25
Фото: Архива на Дума.мк

На гостувањето во Штип во натпревар од 15 коло на првата фудбалска лига „Борец“ претрпе пораз од домаќинот „Брегалница“ со резултат 2:1.

Со голот на Ѓоргевиќ во петата минута велешани поведоа  а потоа и со добрата игра навестија дека ќе приредат изненадување.

Работите тргнаа надолу во финишот на првото полувреме, поточно во последната минута, кога Ацковски биеше од далечина а топката незгодно отскокна, го смени правецот и заврши во голот на „Борец“.

Во второто полувреме играчите на „Брегалница“ заиграа подобро и напаѓаа. Создадоа неколку шанси од кои таа, во 79 минута, постигнаа гол преку Алтипармаковски кој  по еден центаршут скокна највисоко и со глава биеше неодбранливо.

До крајот на натпреварот играчите на „Борец“  напаѓаа но јалово и не успеаја да израмнат.

По овој пораз „Борец“ останува на предпоследното место на табелата со се помали шанси за опстанок во лигата.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.