ФK „Превалец“ цврсто гази во првенството на трета фудбалска лига – југ
Објавено на 13 март, 2022 во 17:47
Фудбалерите на ФК„Превалец“ во Обршани ја совладаа истомената домашна екипа со резултат 3:0. Стрелци на головите беа Дукадиновски во првиот дел, постигна евро гол, додека во второто полувреме Чоков и Атанасовски.
Се очекуваше тешка средба со оглед на фактот дека во Обршани тешко се доаѓа до бодови. Но ова не важеше за фудбалерите на „Превалец“ кои го надиграа противникот и покажаа дека имаат тим за освојување на првото место.
И минатите првенства составот беше квалитетен и ја надминуваше третолигашката средина но пласманот во втората лига носи многу финансиски непознаници. Трошоците се многу поголеми за кои во моментов нема пари и нема начини да се обезбедат.
Но никогаш не се знае, останува да видиме.
Лазар Лазаровски