ФК „Превалец“ одигра нерешено со ФК „Големо Коњари“ во гости

Објавено на 26 април, 2022 во 11:03
Фото: Архива на Дума.мк

Екипата на ФК „Превалец“ на гостувањето во Големо Коњари, одигра нерешено без голови. Обете екипи одиграа квалитетен натпревар со многу трчање но одбраните редовно беа на место и не дозволија многу прилики за гол.

Екипата на Големо Коњари важи за цврст состав кој е неприкосновен на домашен терен. Домашните имаа свои прилики, но и екипата на Превалец преку Љупчо Донев во првото и Пеце Стојанов во второто полувреме можеа да и донесат победа на својата екипа.

По 13 кола ФК „Превалец“ останува во врвот на табелата ина третата фудбалска лига Југ и е наголем конкурент на екипата на „Вардар“ од Неготино која важи за најсериозен кандидат за пласман во втората лига.

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.