Kајакар од велешки клуб го освои годинешниот „ ИКАС“

Објавено на 24 мај, 2021 во 10:44
Кајакарот Ангел Петрушев на дел од патеката

 На 22 и 23 мај во Спортско рекреативниот центар „ Матка“, на патеката на реката Треска, се одржа традиционалниот Меѓународен илинденски кајак слалом, годинава  по 52 пат. Победник е Ангел Петрушев од ККК„ Вардар“ од Велес пред Марко Ѓоргевиќ од Србија и Лоранд Ѓоши од Италија.

Според зборовите на  тренерот Димче Стефановски, Петрушев, уште еднаш ја потврди својата класа. Се работи за талент чии резултати допрва се очекуваат.

Тренерот Димче Стефановски и кајакарот Ангел Петрушев

Петнаесет дневните подготовки во Словенија, на патеката Тацен, дадоа резултат и ја покажаа исправноста на одлуката Петрушев и Рибарски да ги полнат батериите на една од најпрестижните светски патеки.

Вториот натпреварувач од „Вардар“, Стефан Рибарски, е шести. 

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.