КMФ „Кеги моби“ се пласираше во четвртфиналето од купот на Македонија
Објавено на 29 јануари, 2022 во 21:34
Во осмина финалето во мал фудбал, во Кавадарци, вечерва, КMФ „Кеги моби“ го совладаа прволигашот КМФ „ Црна Река“ со резултат од 5:9 голови. Велешани во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и немаа проблем да стигнат до победата.
Панче Наневски тренерот на „Кеги моби“ по натпреварот за Дума.мк изјави:
„Ова беше еден од најдобрите натпревари што сме го одиграле во последно време.Сите играчи одиграа мотивирано, го почитуваа договореното и резултатот не изостана. По седум дена продолжува првенството во втората лига каде сме водечка екипа. Подготвени сме добро и очекувам да бидеме први и да обезбедиме пласман во Прва лига. “
Лазар Лазаровски