Македонија – Холандија, денеска во 18 часот, Пандев најави крај на репрезентативната кариера
Репрезентацијата на Македонија денес го игра третиот натпревар на европското првенство. Противник во Амстердам е домашната Холандија. Некако во сенка е резултатот од натпреварот по најавата на капитенот Пандев дека овој му е проштален меч во репрезентативната кариера.
Играчите најавуваат дека ке дадат се од себе да го изненадат фаворитот, и да покажат дека имаат сили и знаење за настап на големите натпреварувања.
И покрај двата пораза Македонија не разочара.
Постигнати се два гола во дебито на Е. П. што не им успевало и на посилни репрезентации. Со играта сме задоволни, неискуството го направи своето па каков и да биде исходот од последниот натпревар нема да го поколеба задоволството од самиот пласман на првенството.
Натпреварот се игра денес со почеток во 18 часот.
Лазар Лазаревски