На езеро „Младост“ во тек е VIII „Велешки пливачки маратон“ (ФОТО)

Објавено на 19 септември, 2021 во 12:45

Со учество вкупно 27 пливачи во тек е одржувањето на осмиот „Велешки пливачки маратон“ на езеро “Младост“.

Годинава натпреварот има најмал број на учесници. Но да дојдат или да се натпреваруваат не пропуштија најдобрите македонски пливачи.

Томи Стефановски прославениот маротонски пливач не го криеше воодушувањето од велешкиот маратон.

-Пливањето бара трки, настани преку кои пливачите ќе ја подобруваат формата. Овие трки се база од каде црпиме млади пливачи. Традиционално, ова е најдобро организиран маратон кој за жал годинава нема многу натпреварувачи. Една од причините е ковидот а друга несредените односи во пливачката федерација. Маратонот во Велес е празник за пливачкиот спорт, додаде Стефановски.

Во водите на езеро „Младост“ веќе плива Евгениј Поп Ацев, еден од најдобрите светски маратонски пливачи. Пред стартот на трката Поп Ацев за Дума.мк рече:

-Јас како професионален натпреварувач со големо задоволство доаѓам на овој маратон. Ова е еден од најдобро организираните маратони и штета што ковидот не дозволи повеќе пливачи да настапат, додаде Поп Ацев.

 Годинава се одржаа два маратона на кои Попацев во Охрид беше трет а во Капри – Италија го освои шестото место.

По завршувањето на професионалната маратонска трка следи доделувањето на наградите.

Лазар Лазаровски

Фото галерија

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.