Немања Бреѓан нов тренер на ЖФК „Борец“, засилен со охридските фудбалерки Велинова и Ристова

Објавено на 16 ноември, 2021 во 20:45

Бреѓан доаѓа од ФК„ Земун“, соседна Србија, на местото на Тоше Нацев, кој досега го водеше клубот. Велешкиот женски фудбалски клуб, исто така, се засилува со две нови имиња, Миа Велинова и Стефанија Ристова од екипата на „Интернационал“ од Охрид.

Рикардо Илиев претседател и спонзор на клубот за Дума.мк изјави:

„Го засилуваме тимот со два квалитетни играчи. Ја зголемуваме конкуренцијата а со тоа добиваме на квалитет. Атакуваме на висок пласман, нема што да калкулираме. За да ги оствариме амбициите направивме промена и во стручниот штаб.”

Викендов, поточно сабота е ден за вистински испит на ЖФК„Борец“. На градски стадион „Зоран Паунов“ велешанки ќе бидат домаќин на екипата на ЖФК„ Љуботен“ од Тетово,аспирант за титулата. Ова е дерби на колото и е од посебно значење за двата состави.

Натпреварот започнува во 14 часот.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.