Нова победа на КМФ „Кеги Моби“ во дерби натпреварот во Кавадарци

Значајна победа за велешани во натпревар од 14 коло на втората футсал лига на Македонија оствари во Кавадарци екипата на КМФ „Кеги Моби“. Домаќинот „Клими“ е еден од главните конкуренти за освојување на првото место во лигата. Натпреварот го оправда епитетот дерби на колото. Се играше без калкулации а влогот беше голем. Победникот останува најсериозен претендент за пласман во првата лига. За екипата на „Кеги моби“ головите ги постигнаа Жарко Спасовски 3, Кирил Ивановски 2 и Зоран Трајков еден.
Кирил Ивановски не го криеше задоволството од победата и за Дума. мк изјави:
“Тешка но заслужена победа. Екипата на „Клими“ е меѓу подобрите во лигата и конкурент за освојување на првото место. Беше ова тешка средба но покажавме одлична игра и докажавме дека местото ни е во најсилната конкуренција“.
Наредното коло „Кеги Моби“ повторно гостува, во Штип каде ќе ги одмери силите со со уште еден аспирант за највисок пласман во лигата поточно екипата на „Астибо“.
Лазар Лазаровски
