Победа и три бода императив за ФК „Борец“ и ФК „Локомотива“
Објавено на 24 септември, 2021 во 15:16
Фудбалерите на „Борец“ на домашен терен ја пречекуваат екипата на ФК „Скопје“ во натпревар од осмото коло на првата фудбалска лига. Седумте освоени бода на велешани по седум одиграни кола не се некоја залиха па победата на овој натпревар е императив. Гостите пак имаат освоено пет бода и секој резултат освен пораз за нив е инзвореден успех.
Натпреварот се игра во недела на градскиот стадион „Зоран Паунов” со почеток во 15 часот.
Ден предходно, во сабота, во Градско „Тим Локомотива” ја пречекува екипата на „Братсво” од Житоше. По одиграни четири кола обете екипи имаат освоено по еден бод и се на дното на табелата. Домашните фудбалери очекуваат прва победа во ова натпреварување.
Лазар Лазаровски