Победа на фудбалерите на „Борец“ во пријателски натпревар во Скопје
Објавено на 10 октомври, 2021 во 17:58
Во пријателски фудбалски натпревар во Скопје, ФК „Борец“ забележа победа над ФК„Вардар“ со резултат 2:0.
Стрелци на головите беа Ѓорги Ѓоргиев и Алекс Талески.
Тренерите на двете екипи го искористија прекинот во првенствата, поради обврските на државната селекција, за подигање на формата на своите играчи.
За велешани ова беше успешен настап и најава дека полека но сигурно формата ќе го достигне посакуваното ниво.
Лазар Лазаровски