Победа на ракометарите на велешки „Борец“дома против екипата на „Преспа“
Велешани ја победија екипата на „Преспа“ од Ресен со 33:21 и водеа со четири гола разлика на полувреме кога резултатот изнесуваше 15 :11.
Убедливата победа беше извојувана над солидниот состав на „Преспа“ по 18 минута кога гостите имаа водсво од 7:8. Потоа домашните грачи се разиграа и на полувреме резултатот беше 15:11.Во второто полувреме продолжи доминацијата на велешани. Ракометарите Јован Атанасовски, кој одигра маестрален натпревар со постигнат 10 гола како и Лазар Стојанов со 8 гола ја полнеа мрежата на гостите.
Најдобриот играч на натпреварот Атанасовски за Дума изјави:
“Интересен натпревар, пред се фер и коректен, се надигрувавме и бевме подобри. Во првиот дел ни одеше потешко а во второто полувреме профункционира контрата како и бековите кои се разиграа па немаше потешкотии да стигнеме до победа.”
На почетокот на второто полувреме голманот на „Борец“, Никола Манев за десетина минути нанижа шест одбрани. По натпреварот тој за Дума.мк рече:
” Ми тргна добро во вистински момент кога гостите пробаа да фатат резултатски приклучок. Одбранив неколку тешки удари ме радува што дадов придонес во победата.”
Лазар Лазаровски