Победа на ракометарите на велешки „Борец“дома против екипата на „Преспа“

Објавено на 20 февруари, 2022 во 12:06
Фото: РК„Борец“

Велешани ја победија екипата на „Преспа“ од Ресен со 33:21 и водеа со четири гола разлика на полувреме кога резултатот изнесуваше 15 :11.

Убедливата победа беше извојувана над солидниот состав на „Преспа“ по 18 минута кога гостите имаа водсво од 7:8. Потоа домашните грачи се разиграа и на полувреме резултатот беше 15:11.Во второто полувреме  продолжи доминацијата на велешани. Ракометарите Јован Атанасовски,  кој одигра маестрален натпревар со постигнат 10 гола како и Лазар Стојанов со 8 гола ја полнеа мрежата на гостите.

Фото: Ракометарот Јован Атанасовски

Најдобриот играч на натпреварот Атанасовски за Дума изјави:

“Интересен натпревар, пред се фер и коректен, се надигрувавме и бевме подобри. Во првиот дел ни одеше потешко а во второто полувреме профункционира контрата како и бековите кои се разиграа па немаше потешкотии да стигнеме до победа.”

Фото: Голманот Никола Манев

На почетокот на второто полувреме голманот на „Борец“,  Никола Манев за десетина минути нанижа шест одбрани. По натпреварот тој за Дума.мк рече:

” Ми тргна добро во вистински момент кога гостите пробаа да фатат резултатски приклучок. Одбранив неколку тешки удари  ме радува што дадов придонес во победата.”

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.