Пораз на домашен терен на ГОК „Борец“ од тетовчани
Во првата државна плеј оф одбојкарска лига ГОК „Борец“ изгуби од ОК „Сее Универзитет Тетово“ со резултат 0:3. По сетови 16:25,15:25 и 23:25.
Одбојкарите на Борец го одиграа најслабиот натпревар во годинешново првенство. Против составот од Тетово одиграа под секое ниво, делуваа незаинтересирано, безкрвно. Гостите не покажаа некоја игра но беа подобри и заслужено стигнаа до победата.
Во првите два сета играчите на Борец делуваа како почетници и како да се натпреваруваа кој повеке да згреши. Лоши сервиси, очајна игра во поле, приемот никаков, на мрежа немоќни се карактеристиките од двата сета.
Во третиот сет публиката проследи рамноправна игра но во финишот повторно гостите помалку грешеа.
Можеби остварувањето на целта, пласманот во плеј офот во првите шест екипи, но и заминувањето на полусезоната на двата украински одбокари, се причина да спласнат амбициите во вториот дел на првенството. Или ова беше само лош ден. Останува да видиме.
Лазар Лазаровски