Превалец ,дома, го „прегази“ Росоман
Објавено на 23 мај, 2022 во 09:21
Третолигашите од Велес и Росоман одиграа ефикасен натпревар во кој гледачите уживаа и проследија вкупно 11 гола.
Првиот дел донесе порамноправен натпревар и заврши со водство на домашните од 2:1.
Во второто полувреме напаѓачите на Превалец ги наместија „нишанските справи” и ја наполнија мрежата на гостите. За Превалец головите ги постигнаа: Атанасовски 2, по еден дадоа Ѓоргиевски, Маневски Гаштев, Чоков, Дукадиновски и Стојанов.
За гостите трите голови ги даде Ѓоргиев.
Овој фудбалски натпревар заврши со резултат од со 8:3 или со постигнати рекордни 11 голови.
По 19 кола, на табелата на Трета македонска фудбалска лига води Вардар од Неготино со 47 бодови пред Превалец со 44 и Питу Гули од Крушево со 35 бодови.
Лазар Лазаровски