Признание за велешанецот Нацев, меѓународен судија на кајак на диви води

Објавено на 16 јули, 2021 во 11:43
Судија Бошко Нацев

Поранешниот кајакар на KK „Бабуна“, сега судија во кајак на диви води,  Бошко Нацев од 6 до 11 јули судеше на Светското првенство во кајак слалом на диви води во категориите  у-18 и у-23. Првенството  се одржа во Словенија на патеката Тацен на Сава. Добро сработеното и високиот квалитет кој го поседува Нацев беше препорака за нова покана со која тој ќе биде дел од судискиот тим на престојното Европско првенство  коешто во месец август ке се одржи во Нова Горица, Словенија.

Судија Бошко Нацев со колеги

Бошко Нацев е меѓународен судија од 2018 година.

Исто така, екипа на кајакарскиот клуб„ Бабуна“ на 18 Јули заминува за Чешка каде ќе земе учество на натпревар од светската серија во кајак слалом на диви води. Екипата ќе се натпреварува  во сениорска конкуренција во К-1 со кајакарите  Борче Мирчевски, Христијан Игнатов и Коце Игнатов како и во женска конкуренција во  К-1 жени со кајакарката Ангела Димова.

Екипата ја води Сашко Нацев поранешен репрезентативец во кајак на диви води.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.