Прволигашот ФК „Борец“ ги започна подготовките за пролетниот дел на првенството
На градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес тренерот Благој Левков ја одржа првата прозивка на која присуствуваа фудбалерите на коишто смета за предстојните подготовки.
Левков за Дума.мк изјави дека со постоечкиот играчки состав и најавените засилувања верува дека ќе се обезбеди опстанок во лигата.
-Бодовното салдо не ни е добро но верувам во овој состав,загубивме натпревари на кои бевме подобри и противниците не не надиграа, но не не послужу среќа. Екипата се засили со играчи од Македонија а раководството на клубот преговараат за трансфери на неколку фудбалери од странство. Засега клубот го напушти аргентинецот Зарате, додаде Левков.
Претседателот на клубот Марио Брчков за Дума изјави:
-На 15 јануари заминуваме за Анталија на дванаесет дневни подготовки. Во преговори сме со четири странски фудбалери како засилување на „Борец“ за коишто сметам дека работата е речиси завршена. Во „Борец“ пристигнаа и неколку фудбалери од Македонија за кои по вракањето од Турција стручниот штаб ќе го соопшти своето мислење.Убеден сум во опстанокот и верувам дека наредната сезона велешани повторно ќе гледаат прволигашки фудбал, додаде Брчков.
Сите фудбалери кои присуствуваа на првиот тренинг немаа здравествени проблеми .
Лазар Лазаровски