Роберто Димитриевски трети на трката на 5 километри на 7-миот „Кавадаречки полумаратон“

Објавено на 10 март, 2025 во 17:57

Роберто Димитриевски атлетичар од АК „ВЕЛЕС“ од Велес го освои третото место, пехар и диплома, на атлетската трка на 5 километри во рамките на 7-миот „Кавадаречки полумаратон 2025“. Трката се одржа,вчера, на 9 март, во организација на АК „МЕРИДИАН“ и Општина Кавадарци којашто е спонзорирана и од компании, меѓу кои и од „Дрекселмаер“.

Првото место во оваа категорија на 5 километри мажи го освои Григоријан Никовски од АК „Делта“ од Скопје додека втор беше Чаприкј од истиот Атлетски клуб.

Во женска конкуренија, на 5 километри, прва на целта стигна Дарија Крстевска од АК„ОЛИМП“, втора е Бојана Костадинова од Универзитетот„Гоце Делчев“ од Штип а трета Јана Стефановска.

Роберто Димитриевски за Дума.мк изјави дека е среќен со освоеното трето место на оваа трка иако како и секој натпреварувач целел на освојување на првото. Тој сепак на оваа трка трчал болен.

-Напорно се подготвував цела зима, по двапати секој ден во Градски парк во Велес. Бев добро физички подготвен ,но се разболев два дена пред трката,имав настинка со болки во градите и сува кашлица која ми причинуваше болка при трчањето. Сепак  бев упорен, трчав со сите мои сили  и стигнав на целта на високото трето место. Прв е мојот колега од АК „ Делта’ Григријан Никовски со кој постојано сме во трка и си ги менуваме местата. Јас минатата година во Велес, на „Трката за Рацин“, бев победник а тој второпласиран. Но во спортски дух, борбата продолжува на следните трки, па кој е подобар нека победи,порача Роберто.

Тој потенцира дека сепак најважно е да се спортува и спортот да се пренесува на младите а тие да се вклучат во наредните атлетски трки.

Димитриевски  продолжува со напорни подготовки за учество и на другите трки во земјава кои ќе се бодуваат. Инаку, годинава некои од градските трки за првпат веќе се бодуваат на посебна табела од формирана лига на Атлетските клубови во земјава. Димитриевски се надева дека на крајот на 2025 година ќе биде на врвот на табелата на атлетските трки во Македонија.

Освен во земјава Димитриевски  се подготвува и за трки и настапи на меѓународни трки и натпревари.

Освен на 5 километри, на 7-миот Кавадаречки полумаратон, се одржаа и Атлетската трка на 10 километри како и полумаратонот на 21 километар, во машка и во женска конкуренција. Исто така се одржаа и веќе традиционалните Детски трки за основците.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.