Скопјанки славеа победа против ЖФК„ Борец“ во Велес

Објавено на 18 декември, 2021 во 16:24

Натпреварот од последното есенско коло на Првата женска фудбалска лига, којшто минатата недела не се одигра во Скопје, поради поплавениот терен од обилните врнежи,  се одигра денеска на градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес.

Победата ја однесоа гостинките со голот на Божиновска во 75-та минута. Тоа се случи откако пет минути претходно беше исклучена фудбалерката на „Борец“, Јовановска.

Обете екипи имаа по неколку  100 процентни шанси но голманите добро интервенираа а  стрелците промашуваа. Со овој пораз се намалија шансите на фудбалерките на „Борец“ за освојување на првото место во лигата.

Сепак не е се изгубено со оглед на тоа што престои комплетна пролетна полусезона  за која екипата на велешанки се очекува да се засили со најмалку еден напаѓач.

Инаку денешниот натпревар се одигра во Велес на предлог на натпреварувачката комисија, прифатен од двата клуба ЖФК „ Скопје 2014“ и ЖФК„Борец“ домаќин да бидат велешанки. Напролет „Борец“ ќе биде домаќин но натпреварот ќе се игра во Скопје. Се ова е поради условите кои ги овозможува тревниот  терен во Велес кој нее подложен на поплавување.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.