Ако не ги плати долговите ФК „Борец“ ќе згасне!

Објавено на 20 февруари, 2014 во 15:00

Љубителите на фудбалот, верните навивачи, фудбалерите и управата на градскиот клуб се исправени пред нова препрека многу позначајна од онаа градскиот клуб да се избори за опстанок во лигата. ФК „Борец“ ќе згасне ако не ги плати долговите. Станува збор за 195 000 денари на име на казна од Фудбалската федерација на Македонија чие плаќање го условува понатамошното натпреварување како и за црвените картони добиени на натпреварите, потоа за неплатени сметки за струја и за заостанти трошоци. Посочената сума пари е приоритетна и мора дасе плати до наредната недела, 26 февруари, рекоа претседателката и потпретседателот на клубот, Олгица Мојсова Пепелашева и Љубе Јанчев.

– Кога дојдов во клубот затеков многу долгови кои се трудиме да ги подмириме и затоа ги повикувам сите оние кои можат да помогнат да го сторат тоа, за да му помогнеме на Борец да опстои и продолжи да се натпреварува во втората лига, рече Мојсова Пепелашева.

Таа апелираше до таткото на градот и од Славчо Чадиев побара помош за решавање на моменталните проблем бидејќи пред неполн месец од стартот на пролетниот дел на натпреварувањата клубот се соочува со многу дилеми да ги продолжи или прекине трансферите на 7 нови играчи од Металург и Вардар, да ја вади или не потребната лиценца.

-Се јавивме на неколку локални бизнисмени но сеуште без успех, не успеваме да најдеме решение за проблемот. Велес заслужува да има фудбал и треба да овозможиме сите заедно со заедничи сили тој да опстои, рече Јанчев.

За сегашните финансиски долгови, раководството го обвини поранешниот претседател на клубот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.