Најбрзиот велешанец Трајче Михов урна нов рекорд на Ултрамаратон!

Објавено на 10 март, 2014 во 13:36

На Меѓународниот атлетски ултрамаратон „Маратон – маратон“ во Белград што изминатиот викенд се одржа на Ада Циганлија во Белград , атлетичарот на атлетскиот клуб „Велес“ Трајче Михов го освои првото место во трката на 12 часа.

Тој истрча 131 километар и во исто време го подобри личниот рекорд, го  урна рекордот на стазата во Белград и го подобри рекордот на Република Македонија.

– Само што се вратив од Ултрамаратонот  и навистина ми е драго се она што се случи на овој меѓународен натпревар. Сега убаво се чувствувам и за среќа не ги чувствувам последиците за кои ме предупредија колегите и тамошните лекари. Значи не ме болат мускулите, се движам и се е во ред. Секако дека сум среќен, се надевам дека мојот успех ке ги израдува сите. Мене лично ќе ми преставува мотив повеќе за максимално вложување на претстојните Ултрамаратони, рече Михов.

Него спортските работници, спортистите и новинбарите го избраа за спортист на 2013 година во Велес. Инаку последните резултати во Белград ги постигна, во саботата, на традиционалниот маратон што петта година се одржува на Ада Циганлија. Освен на трката на 12 часа на Ултрамаратонот атлетичари се натпреваруваа и во трка со времетраење од 6 часа./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.