Завршија зимските олимписки игри 2014 во Сочи

Објавено на 24 февруари, 2014 во 10:24

Олимпискиот оган на Зимските олимписки игри во Сочи  е изгаснат, одбележувајќи го крајот на 17 дневните натпревари.

Со голем огномет и завршна церемонија на која учествуваше балетот на Бољшој театарот, со музиката на Рахмањинов и оддавање почит кон Толстој и Кандински, како и парада на спортистите, завршија олимписките игри.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет , Томас Бах,  изјави дека спортисти и гледачите “уживале во исклучителни услови” и искажа комплименти за  Русија за “беспрекорна организација“.

Русија заврши на врвот со 33 медали – 13 од нив се злато, а следат Норвешка и Канада.

Зимските олимписки игри во 2018 ќе се одржат во Пјонгјанг, Јужна Кореја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.