Тенисерката Марија Прпева – една од 12-те спортски надежи на Велес (видео и фото)
Објавено: 8 јануари, 2026, во 12:37 часот
Ова е Марија Прпева, има 11 години, а веќе во нејзиното спортско портфолио пишува дека шест години тренира тенис. Таа е една од неколкуте млади тенисерки на ТК„Борец“ во Велес. Нејзиното име три пати, на изборот на Спортист на годината, во 2023, 2024 и во 2025 година, се слуша во категоријата „Млади надежи на Велес“. Прпева на листата на 12-те спортски надежи за 2025 година влезе и го доби признанието затоа што во минатата година „во категорија до 10 години победи на 6 од вкупно 12 турнири во Македонија, го освои второто место на Мегународниот турнир во Белград, Србија и беше забележано нејзиното учество на Меѓународниот турнир за тенисерки до 12 годишна возраст во Хасково, Бугарија.

Овие постигнати резултати на Прпева вредат да бидат забележани затоашто до нив се стигнува со многу посветено време на тренинзи, во сите четири годишни времиња, значи и во зима на отворените тениски терени затоа што Велес нема затворени, како и со дополнително платени приватни тренинзи и често користење на затворен простор во Скопје.
Всушност, тенисот не е евтин спорт и секое учество на спортските натпревари на тенисерите и тенисерките паѓа на товар на семејствата.

Наједноставно беше Марија Прпева да ја најдеме на тренинг, на тениските терени, во Градски парк во Велес. Таму со неа разговаравме и еве што младото талентирано девојче одговори на прашањата на Дума.мк.
Во изминатите шест години, освен што тренира, Прпева како тенисерка на ТК „Борец“ освои 12 пехари на државни натпревари во Македонија организирани од Федерација на тениски спортови. Првиот пехар и беше предаден на седум годишна возраст во портокаловото ниво на натпревари по што седеа и други во текот на целата 2023 година, потоа на 8 поточно 9 годишна возраст продолжува со освојување на прво место и триумфирање во натпреварите во зелен тенис каде што се натпреваруваат тенисери и тенисерки до 12 годишна возраст додека во 2025 година победува и е рангирана помеѓу првите пет тенисерки во Македонија. За прв пат минатата година младата велешка тенисерка учествува и победува на Националниот турнир на училишен спорт во Прилеп.
Пред две години, Прпева, беше учесник на седумдневната Академија за тенис „Новак Џоковиќ“ во населбата Дорчу во Белград, Србија и на турнирот стигна до финалето во кое учествуваа млади тенисери и тенисерки од балканските земји.

Минатата година, во октомври, Марија Прпева на Европски тениски турнир во Хасково, Бугарија, победуваше се до полуфиналниот натпревар додека минатиот месец учествуваше на ист натпревар и во Малта.

Дума.мк верува дека за Марија Прпева и нејзините тениски достгнувања ќе пишува уште текстови кои што ќе ги бележат нејзините резултати од една додека од друга страна ќе бидат поттик за многу деца, ученици да му се посветат на спортот. Додека училиштата како што е ООУ„Панко Брашнаров“, каде Прпева учи како и наставниците, меѓу кои е и нејзината, Лорета Стојанова, ќе овозможуваат, мотивираат и поддржуваат што поголем број на млади да го претворат во јаве сонот на таленти.
Убавка Јаневска


