Теренот под вода им го одложи натпреварот на ЖФК„Борец“ со ЖФК „Драгон“

Објавено на 11 декември, 2021 во 15:25
Фото: Фудбалски терен под вода во Скопје

Натпреварот од последното есенско  коло од првата женска фудбалска лига во Скопје помеѓу екипите на  „Драгон”  и „Борец” не се одигра.

Прчина е прекриениот терен со вода и неможноста топката да одскокнува.

Фото: Фудбалски терен под вода во Скопје

Преставниците на клубовите се согласија со одлуката на судиите и делегатот на натпреварот  а потоа меѓусебно се договорија средбата да ја одиграат пред почетокот на пролетното првенство.

Но сепак конечниот датум на одигрувањето на натпреварот ќе го донесе натпреварувачката комисија на првата фудбалска лига.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.