Трета фудбалска лига југ – ФK „Бучин“ – ФК „Превалец“ 2:4

Објавено на 4 април, 2022 во 11:38

Фудбалерите на „Превалец“ на гостувањето во село Бучен ја совладаа истоимената домашна екипа и остануваат во врвот на табелата.

Иванче Давитков постигна два гола додека Ѓоре Црнушев и Стевче Илиевски беа стрелци на по еден гол. Ова беше интересен натпревар во кој стрелците беа расположени за игра.

Така е на натпреварите на ФК „Превалец“ каде императив е да се даде гол повеќе и во чии игри се најзадоволни гледачите кои сакаат да присуствуваат на средби со напаѓачки фудбал.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.