Трета, по ред, победа на ГОК„ Борец“ во првенството, совладана екипата на „Дибра волеј“
Одбојкарите„ГОК Борец” продолжија со одличните настапи во годинешново првенство на првата одбојкарска лига. Во третото коло совладана е екипата на “Дибра волеј” од Дебар со максимален резултат 3:0 или по сетови 25:15, 25:10 и 25 : 4.
Со оваа победа оправдани се очекувањата за борба во горниот дел на табелата.
Петре Жабев, помошен тренер, на „Борец” презадоволен е од почетните првенствени резултати на велешките одбојкари.
-Три натпревари три победи, подобро не може. Стартувавме како што поскуваме, а средбата со дебрчани ја одигравме релаксирано. Разликата во квалитетот беше очигледна па шанса добија помладите одбојкари кои максимално ја искористија. Вистински тест не очекува наредното коло кога во сабота во Тетово се сретнуваме со „Лирија“, која има состав за пласман во горниот дел на табелата, додаде Жабев.
Лазар Лазаровски