Велешаните Ангела Димова и Ангел Петрушев со одлични реултати на овогодинешниот ,,ИКАС”
Во спортско рекреативниот центар „Матка“ на патеката на реката Треска во близина на Скопје заврши годинешниов Илинденски кајак слалом 2022. Во К-1 победник е натпреварувачот од КК „Приштина“ Лоранд Ѓоши, соседно Косово. На второ место е кајакарот Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ од Велес, додека на третото место се пласираше Милош Јефтиќ,член на Гусар од Ниш-Србија. Одличен пласман забележаа и Борче Мирчевски од КК „Бабуна“ Велес кој беше 4 – ти и Стефан Рибарски од ККК „Вардар“ на 5-то место.
Во конкренција на жени во К-1 Ангела Димова од „Бабуна“ Велес е прва ,на второ место е Олгица Мелова од „Просек“ – Демир Капија и на трето место е Евангелија Каната од кајакарскиот клуб „Атина“ – Грција.
Најинтересна борба се водеше во К-1 мажи каде Петрушев Ангел имаше најдобро време но и една грешка на капија која го чинеше освојување на првото место. Тој имаше резултат 100.37 а победникот Лоранд Ѓоши 101.76 кој трката ја заврши без казнени поени.
Дводневните натпревари поминаа во одлична организација на кајакарската федерација на Македонија.
Лазар Лазаровски