Во Тетово КМФ„Кеги Моби“ го совлада КМФ „СЕЕ Универзитети“

Објавено на 28 март, 2022 во 09:40
Фото: Архива на Дума.мк

Нова победа на водечката екипа во втората футсал лига на Македонија. Во рамките на 17 коло совладан е тетовскиот состав со високи 2:9. Велешани без некои потешкотии стигнаа до победата. Со минимален напор го добија првиот дел со 1:5 и победникот беше решен.

Стрелци на головите беа Адиловиќ и Ивановски по три, Спасовски два и Ѓуров еден погодок.

Фото: Архива Дума.мк

Кирил Ивановски одигра вообичаено добро. За Дума изјави:

“Продолжуваме со добри игри. Во Тетово игравме на потребното ниво и противникот немаше никакви шанси.Честитки заслужуваат сите играчи за покажаното. Остануваме на чело на табелата и првата лига е се поблиску.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.