Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци подготвува нова премиера

Објавено: 7 октомври, 2025, во 10:13 часот

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци е во финална фаза на подготовка на својата втора премиера за оваа година. Станува збор за претставата „Предлог за брак / Мечка“, составена од две едночинки по текст на Антон Павлович Чехов.

Режијата е доверена на Микица Илова, а актерската екипа ја сочинуваат: Ивана Секуловска, Сашко Орешков, Александар Малинков, Елена Илова, Петар Јованов и Мартина Илиевска.

Во овие две едночинки, Чехов преку хуморот го прикажува човечкото однесување, поставувајќи ги ликовите во ситуации каде иронијата, апсурдот и емоционалната контрадикторност излегуваат на површина. Делата се движат на границата меѓу трагикомедија и фарса, нудејќи интересен театарски израз и длабока интерпретација на човечките слабости.

Премиерата е најавена за средината на ноември 2025 година.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.