Тежок компромис меѓу евро-пратениците за Македонија во ЕП

Објавено: 21 јануари, 2014, во 08:11 часот

Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент вчера попладне расправаше за амандманите на предлог-резолуцијата за Македонија, јави 24 Вести.

Наместо за 170 колку што беа поднесени, европратениците разгледуваа 17 компромисни амандмани, кои како што рече известувачот Ричард Ховит се обид за приближување на крајно спротивставени ставови меѓу дел од пратениците, особено оние од Грција и Бугарија и нивните останати колеги.

Според известувачот во сенка, Едвард Кукан текстот на резолуцијата е урамнотежен, го поттикнува напредокот на земјата, но и ги истакнува проблемите со кои се соочува.

Најмногу забелешки европратениците искажаа за еден од амандманите со кој се сугерира задолжително учење на албанскиот јазик и двојазичност и побараа Ховит да го појасни или да го избрише.

Имаше и противење на ублажувањето на повикот до Грција да направи исчекор за решавање на спорот за време на претседавањето со ЕУ.

Освен Грците и Бугарите, сите останаа на повикот за итно отворање на преговорите, за што пречка не смеат да бидат билатералните спорови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.