Средношколци и професорка тврдат дека не симулирале труење

Објавено: 19 февруари, 2014, во 17:33 часот

Јавно објавените анализи на Судска медицина и на Клиниката за токсикологија во врска со симтомите на труење во Средното економско училиште во Гостивар, не cе потполни и не ја даваат вистинската слика за настанот, велат дел од  учениците и професорите кои во петокот се пожалија на вознемиреност, печење на очите и гребење во грлото.

Професорката Јасмина Асани тврди дека таа била  затруена и ги отфрла сомнежите дека симулирале , но не кажа зошто официјалните резулатите не се потполни.

Беше прочитано и соопштение, но само на албански јазик, преку кое реагираа и средношколците  Еден од наводно затруените учениците се обиде на македонски јазик, да објасни какви биле неговите здравствените тегоби.

За случајот со труењето реагираше и пратеникот од ДПА Орхан Ибраими,кој исто така одби да даде изјава на македонски јазик.

Вработените апелираат да не се злоупотребува случајот со труењето од политичките партии, бидејќи се работи за човечки животи.

– Бараме од сите институции, што побрзо да го расветлат случајот, а партиите да не го злоупотребуваат настанот, рече Јасмина Асани.

Анализите на Институтот за судска медицина и на Клиниката за токсиколигија, кои вчера беа објавени, покажуваат дека средношколците од Гостивар не биле затруени со гас, ниту пак имале контакт со каква било хемиска супстанца.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.