Soopstenie opstina

Објавено на 21 февруари, 2020 во 15:02

Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото викано „Цуцка”, во близина на манастирите Св. Ана и Св Димитрија.

За време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила и движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли).

Со почит,

Општина Велес

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.