Новопозитивни велешани на „Ковид 19“ , двајца се мажи и една е жена
29.03.2020
Во петокот на 27 март во велешка болница, бил хоспитализиран маж на возраст од шеесет години, со симптоми на коронавирус. За него се грижеле лекарите од инфективното одделение. Штом денеска тестот на земениот брис ја потврдил неговата резистентност на инфективната болест тој ќе биде транспортиран на Инфективната клиника во Скопје.
-Пациентот има, од утрово, потешка клиничка слика затоа ќе го транспортираме на Инфективната клиника во Скопје. Останатите резултати за двајца позитивни на „Ковид19“ се однесуваат за еден маж, на млада возраст, што секој момент го очекуваме во болницата додека вториот позитивен е жена која редовно ја контролираме затоа што нема симтоми на инфективното заболување. Но таа е изолирана во домашни услови, рече портпаролот на ЈЗУ Општа болница д-р Весна Неделкова.
Докторката информираше дека од прво примените тројца пациенти сега на инфективното одделение се лекуваат двајца од нив. Нивната здравствена состојба е стабилна. Третиот бил пренесен,пред неколку дена на Инфективната клиника во Скопје, поради влошена здравствена состојба.
Д-р Неделкова додаде дека засега болницата има задоволувачки количини на материјали како медицински така и дезинфекциони средства./У.Ј